речник контакт

Жито Вардар со помош за семејствата од изгорената куќа

Слаб одзив за помош на четирите семејства, освен Жито Вардр и Општина Велес, други донации нема.

Петар Печков

 Четирите велешки семејства чија куќа неодамна изгоре во пожар, од компанијата ,,Жито Вардар ,, добија еднократна помош од по 500 евра за секоја фамилија поединечно, како и вредносни бонови од пет илјади денари, секој месец во следните два да можат да пазарат прехрамбени продукти  во нивните продавници. Семејствата со нескриена среќа, беа благодарни за добиената донација.

Убаво е чувството кога знаете дека некој се сетил на вас, во овие тешки моменти. Искрено фала за големиот гест, бидејќи освен локалната власт друга помош не сме добиле – велат семејствата Арсови, Стефанови и Мехмет.Тие не можеа сеуште да кажат колкава е штетата што е направена од огнената стихија иако надлежната комисија при Општина Веелс ја процени на два милиони денари. Четирите семејства добија финансиска помош од градоначалникот во висина од 50 илајди денари, од ,,питијадата,, 88 илјади и од Советот на општина Велес 150 илајди денари.

Двете православни фамилии побарале и добиле пари од Повардарската Епархија во висина од 500 евра. Овие семејства сега живеат кај нивни роднини и пријатели.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »