речник контакт

Жито Лукс донираше леб за црковно народната кујна

Оваа донација е дел од кампањата „Храна подарена од срце“

Петар Печков

По повод новогодишните и Божикните празници, компанијата „Жито лукс“ ја реализираше својата прва донација во леб за годинава и ја намени за црковно -народната кујна на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА  во Велес. Преку донации на свои производи во повеќе институции и здруженија, „Жито лукс“ кампањата „Храна подарена од срце“ ја започна минатата година. Со овие активности компанијата има цел подигнување на јавната свест за потребата од вклучување на повеќе деловни субјекти во општествено хумани активности. 

„Помошта за социјално загрозените лица е дел од нашата компаниска, но и индивидуална определба како вработени на ’Жито лукс’. Секојдневно следиме што се случува во нашата околина и помагаме онаму каде што е потребно, со што се надеваме дека барем малку ги оттргнуваме од нивните секојдневни грижи. На повеќе наврати со и без повод, ’Жито лукс’ дава помош за сите лица кои се во неповолна социјална состојба“, велат од „Жито лукс“ АД Скопје

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »