речник контакт

Жито Лукс опреми детска соба во велешката Болница

Средствата се собирани од продажбата на лебот на Жито Лукс

Петар Печков

 Детското хируршко одделение при Општата Болница во Велес доби целосно опремена соба со донација  од АД „Жито Лукс“ од Скопје.  Средствата се собрани со  хуманитарната акција која се спроведуваше во периодот од 15-ти септември до 15-ти декември минатата година, при што од секој купен леб од „Жито Лукс“ се одвојуваа по 2 денари.

Собата е опремена преку Здружение на родители за грижа за здраво поколение. Таа  има  четири нови кревети со душеци, болнички мебел, телевизор, фрижидер, микробранова печка, клима, инхалатор и други медицински помагала неопходни за децата кои се на постоперативен третман.

Подобрувањето на состојбите во здравствени установи треба да биде еден од приоритетите на сите компании а за нас од особено значење се децата и затоа се трудиме што повеќе да го подобриме нивното секојдневие но и да ги мотивираме другите да помогнат-  рече претставникот од АД „Жито Лукс“, Сашка Неделкова.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »