речник контакт

Жито Лукс почнува хуманитарна акција за помош на хируршкиот оддел во Болница

Со одвојување на два денари од секој продаден леб, во велешкиот регион, ќе се соберат средства кои ќе бидат донирани на хируршкиот оддел во Општата болница во Велес.

Петар Печков

Жито Лукс АД Скопје почнува нова хуманитарна акција. Со одвојување на два денари од секој продаден леб ќе се соберат средства кои ќе бидат донирани на хируршкиот оддел во Општата болница во Велес.

Средствата ќе бидат донирани за опремување на соба за децата реконвалесценти, кои претходно биле подложени на оперативен третман. Се планира набавка на кревети, телевизор, масички, клима, фрижидер, сталаци за инфузија, инхалатори, аспиратори, и останати потребни елементи кои ќе  бидат сместени во една соба за децата на хируршкиот оддел.

Целта е, преку издвојување на два денари од продажбата на секој леб од нашата компанија, да се соберат што повеќе средства кои ќе бидат донирани за купување на опрема во болницата, како би се олеснил престојот на децата во болничкиот оддел, и би се овозможило нивно побрзо закрепнување изјави Лидија Трајковска, одговорна за маркетинг секторот во Жито Лукс АД Скопје. Акцијата се однесува на продадениот леб во велешкито регион и ќе трае до крајот на годинава.

Директорот на Општата болница, Д-р Ванчо Граматов, ја поздрави акцијата на Жито Лукс за донирање на средства за опремување на детска соба на одделот за хирургија.

Донацијата  на Жито Лукс ни е навистина потребна, и е во функција на подобрување на условите за нашите пациенти, поточно децата кои се на постоперативен третман на хируршкиот оддел, со оглед на тоа дека од 1.000 направени операции, 100 се на деца. Во моментов некои оддели во болницата се реновираат, поради што ни е потребен нов ентериер, а средствата од донацијата на Жито Лукс ќе бидат искористени за опремување на детска соба, изјави д-р Ванчо Граматов директорот на Општата болница во Велес.

Донацијата е реализирана со помош на Здружението на родители за грижа на здраво поколение чија хуманост доведе до Детскиот оддел на општата болница во Велес како место каде престојот на децата е најзагрозен а помошта најпотребна. Здружението на родители за грижа на здраво поколение е здружение посветено на работа токму со вакви загрозени групи и чија помош е безрезервна а хуманоста безгранична.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »