речник контакт

Жито Маркети отворија нова продавница во Скопско Ново Село

Жито Маркети ја шири сопствената мрежа во Општина Ѓорче Петров

Петар Печков

Мрежата на националниот синџир на супермаркети – Жито Маркети се проширува во Скопје. Најнов на листата на новотворени маркети е продавницата во Ново Село, лоцирана на улицата Лука Геров, број 107,во скопската Општина Ѓорче Петров.

“Ја продолжуваме нашате деловна политика на проширување на мрежата, со цел да го донесеме Жито што е можно поблиску до секој наш потрошувач. Во оваа насока е и отворањето на новиот маркет во скопско Ново Село, да го доближиме до што повеќе жители на Општината Ѓорче Петров, како и на другите околните места, кадешто постојано имаме нови потрошувачи. Покрај ова, стандардно, нашите ценети клиенти, можат да очекуваат пријатни изненадувања – и во однос на политиката на цени и во однос на понудата што ја имаме.”, велат одговорните во Жито Маркети.

Со новоотворената продавница во скопско Ново Село, мрежата на Жито Маркети во главниот град нарасна на 19 продавници.

Асортиманот на реновираниот маркет е збогатенсо различни категории производи по поволни цени, вклучително и сопствениот приватен бренд на Жито Маркети – “5ка”. Покрај ова, маркетот располага и со простор за свежо овошје и зеленчук, што секојдневно се надополнува, од добавувачот Фрутленд.

Новоотворениот маркет е со вкупна површина од 344 м2, од кои 305 м2се продажен простор, каде што се ангажирани дванаесетина вработени. Маркетот располага со три наплатни каси, а работното време од понеделник до сабота е од 07:30 до 21:30 часот.

ПР текст

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »