речник контакт

Жито маркети донираа еден милион денари на Министерството за здравство

Целта е да се помогне на здравствените работници за поефикасно и побрзо да се изборат со ситуацијата

Петар Печков

Препознавајќи ги потребите на заедницата, Жито маркети како општествено одговорна компанија извршидонација од 1,000,000 денари на Министерството за здравство, објавија од компанијата. Паричните средства биле  префрлени на посебната наменска сметка на Министерството за здравство. 

Средствата се  наменети за справување со заканата по јавното здравје предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид 19. Целта е да се помогне на здравствените работници за поефикасно и побрзо да се изборат со оваа ситуација - велат од раководството на Жито маркети.

Компанијата која има повеќе од 900 вработени и 58 маркети низ земјава, претходно изврши и предвремено плаќање на обврските кон државата за 2020 година.

Жито маркети заедно со Супер 5ка и Фруит ланд исто така најавуваат и нова донација на Општата Болница во Велес во вид на заштитна опрема и средства за медицинскиот персонал. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »