речник контакт

Жито маркети предвреме ги плати аконтациите за данок на добивка

На сметката на државниот буџет легнале 10,56 милиони денари

Петар Печков

Во ситуација во која се наоѓаме, соочувајќи се со досега невидени предизвици ДПТУ  ЖИТО ДООЕЛ Велес донел одлука активно да се вклучи и да придонесе за дополнителна стабилност на државниот буџет, со предвремено плаќање на месечните аконтации на данок на добивка за 2020 година во висина од 10.559.513 ден.

На овој начин сакаме да дадеме конкретна поддршка во насока на зголемување на капацитетите на државата за поуспешно и поефикасно справување со ситуацијата и заштита на здравјето на сите граѓани. Во овие тешки времиња потребно е да покажеме единство и солидарност повеќе од било кога , да се сплотиме и да се потпреме едни на други за да може што побрзо да се опоравиме и да се вратиме во нормала. Како компанија остануваме посветени на почитување на препораките и мерките на соодветните институции , бидејќи јавното здравје е општествена одговорност и од сите нас зависи - истакна Јованче Ѓошевски управител на ДПТУ ДООЕЛ  Жито Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »