речник контакт

Жито маркети со донација на хуманитарни пакети за Велигден за ранливите категории

Пакетите ги делат волонтери од Општинскиот Црвен крст. Пакетите се со цел да ја збогатат празничната велигденска трпеза во домови на велешани кои се во социјален ризик

Петар Печков

За најголемиот христијански празник Велигден, Жито Маркети  донираше пакети со храна за најранливите категории. Оваа хуманитарна активност  беше во координација со општинскиот Црвен крст.   

Во оваа пригода  беа донирани 34  велигденски пакети со основни прехранбени производи и заштитни маски.  Донацијата беше предадена  во отворениот пункт на Општина Велес во просториите на Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“. Од Жито Маркети  објаснуваат дека отсекогаш ги следат потребите на граѓаните. 

Во овој период кој за сите нас претставува сериозен предизвик, наш приоритет останува да излеземе во пресрет на барањата на нашите сограѓани и да придонесеме што повеќе од нив достоинствено да го пречекаат празникот. Тие се наменети  за семејства во социјален ризик, со цел да ја збогатат празничната велигденска трпеза во нивните домови-  изјавија од компанијата. 

Велигденските пакети се  распределени од страна на волонтери на Црвениот крст. Од Општинската организација на Црвен крст соопштија дека нивните мобилните тимови во текот на денот поделиле  дел од пакетите а  до Велигден ќе бидат распределени и останатите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »