Петар Печков
Објавено: вторник, 11 февруари 2025
Загадувањето во Велес во периодот 2005 -2023 е намалено за 40 отсто. Ова го објави 02 иницијативата, анализирајќи ги податоците од мерните инструменти на Министерството за животна средина.
Податоците за 2005 се дека просечната годишна концентрација на ПМ 10 честичките е 80 мг/м3 , додека во 2023 била 48,2 мг/м3. Тоа е намалување од 40 отсто. За лани 2024 година 02 иницијативата вели дека нема доволно податоци за да ја презентира просечната годишна концентрација.
За овој период од 20 години Велес не е на врвот по загаденосгта на взодухот, со просечната годишна концентрација споредено со останатите градови во Македонија, туку е на 9-то место.
За илустрација Тетово во 2015 е 146,7, Лисиче- Скопје 124,7 во 2011, Кавадарци 102,6 во 2006, Ректорат Скопје 101,9 во 2006, Кичево 99,3 во 2005 година, Куманово 93,7 во 2006, Карпош 89,5 во 2006, Центар Скопје 82,1 во 2012 година.
Велес има едно мерно место каде се инструментите на Министерството за животна средина, во дворот на детскaта градинка во населба Тунел. И локалната власт и еколошките граѓански здруженија, бараат да се постави уште една, во стариот дел на градот, каде најчесто за греење се користи огревно дрво.
Tweet |