речник контакт

За 166 реонски попишувачи и инструктори, во велешко пријавени се 255 лица

Полагањето е денес од 9 до 15ч.

Петар Печков

За 166 реонски попишувачи и реонски инструктори, за претстојниот Попис 2021-ва во велешко, се пријавиле  255 лица. Ова е податокот кој ТрМр го доби од Општинската пописна комисија а веќе од денес, четврток од 8 до 15 часот се спроведува најавеното тестирање на кандидатите.  

Потребниот број на реонски попишувачи и реонски инструктори за Општина Велес, заедно со соседните општини Чашка и Градско  е 16 инструктори и 166 за попишувачи. Од нив потребни се  131  за попишувачи на македонски јазик, 18 за албански јазик, по  шест за турски и босански, три ромски и по еден за влашки и српски јазик

Кандидатите кои се пријавени треба: да се државјани на Република Северна Македонија,  да се полнолетни,  да имаат завршено најмалку средно образование и да немаат засновано работен однос, и како дополнителни услови  -познавање на работа со персонален компјутер и познавање на соодветниот јазик на заедницата  за која конкурираат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »