речник контакт

За 22-иот роденден Општина Чашка за прв пат со возило за собирање смет

Набавени се и 35 метални контејнери, по што сметот за прв пат од населените места ќе се собира организирано

Петар Печков

Општина Чашка го одбележа 22-риот роденден. И тоа со  предавање на користење на специјално возило - камион за собирање и транспорт на комунален отпад  и метални контејнери за собирање на комунален отпад.  Ова е дел од проектот ,,За чиста Чашка,,. 

Ова возила и контејнери се набавени со 4,5 милиони денари, средства обезбедени од сопствен Буџет. Возилото за прв пат ќе го собира на организиран начин сметот на територијата на Општина  Чашка, посебно во Долно и Горно Јаболчиште. Во овие населени места живеат 4 илјади жители и досега смет не се собрало - кажа градоначалникот Горан   Стојановски. Возилото има капацитет од 14 кубика смет,  а набавени се и  нови 35 метални контејнери.  Промоцијата на возилото и контејнерите беше дел од одбележувањето на 22-рата  годишнина од основањето на Општината во 1996 година.

Во Општината живеат 8,7 илјади жители, мултиетничка, трета по површина во Македонија, со 42 населени места. Секојдневните барања на жителите се однесуваат на нерешените прашања од комуналната инфраструктура -водоводи и канализациони мрежи , чиста вода за пиење, локалните патишта,  образованието, развој на спортот и културата.  При доаѓањето во Општината ја добив со голем долг и во лоша состојба. Предизвикот беше голем,заедно со мојот тим  ја санирав и консолидирав состојбата пред се финансиската. И по две години блокада сметката од неодамна  е деблокирана- рече Стојановски.

Тој наброја што е сработено на територијата на Општина Чашка за изминатиот период . Асфалтиран е  регионалниот пат село  Согле - Богомила, асфалтиран е  влезот и излезот од село Теово. Набавено  возило за собирање на смет во 3,5 милиони денари. Отворена е детска градинка во населба Чашка како и канцеларии на Министерството за труд и социјална политика и на Агенцијата за катастар. Локалната власт има  добиено средства за изградба на фекална канализација во село Оморани, и за село Богомила. Има обезбедено 12,5 милиони денари за изградба на мост во Богомила. Се отвора локален клуб за млади  и клуб за стари лица во Извор. Се гради спортска сала во Чашка.    

Подобрено е водоснабдувањето во Чашка, Богомила и Извор со 600 илјади денари. Од петте водоводи со кои стопанисува ЈКП Тополка набавени се  нова пумпа во село Богомила која е во функција и набавен  нов хлоринатор, по што во Богомила нема проблеми со квалитетна вода за пиење. Набавена е нова пумпа за Извор и нов хлоринатор. Набавени се две нови пумпи за вода за населба Чашка, за горните делови од населбата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »