речник контакт

За 24 часа во велешко оздравеле 58 лица позитивни на ковид-19

И натаму Велес е трет по бројот на активни случаи во земјава

Петар Печков

Изминативе 24 часа во велешко се оздравени 58 лица, толку ги пребројал Институтот за јавно здравје, а ново заразени се  18. 

По ова бројот на активни случаи во велешко падна под 300 и изнесува 271. 

И натаму Велс, заедно со соседните општини Чашка и Градско е трет во Македонија, по бројот на активни случаи на лица позитивни на корона вирусот. 

Вo трите ковид одделенија од велешка Болница,  вкупно се хоспитализирани 60,  од кои  45 се потврдени позитивни, пет сомнителни  и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 30 пациенти. Испишани се седум  пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Згрижени на Инфективно одделение се   29 пациенти, на Интерно осум и во  Модуларна болница 23.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »