речник контакт

За 50 години Економска учеле 8 илјади ученици

Средното економско училиште ,,Јовче Тесличков,, од Велес прослави јубилеј 50 години од работата и постоењето.

Петар Печков

По тој повод беше издадена монографија чиј редактор беше професорката Јагода Трајчовска. На стотина страници е запишана историјата на ова училиште низ чии клупи минале осум илјади ученици и двестотини професори.

Битисување од пет децении е историја. Толку работа во просветниот простор е голема работа. За тоа сведочат бројните ученици кои се денес почитувани  членови на општеството кои работат како успешни бизнисмени или сметководители, брокери, шпедитери. Имаме атрактивна струка и  професори кои квалитетно го пренесуваат знаењето, што придонесуваат за нашето опстојување толку години и ненамален интерес за школување кај нас – изјави Панче Иванов директор на училиштетото.

На добележувањето на јубијелот присуствуаа бројни гости, некогашни ученици, пензионирани професори.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »