речник контакт

За Василичарските гробишта во Велешко

За нив раскажува Елица Николова, историчар на уметноста од Народен музеј Велес.Во велешко ги има на две локации

Петар Печков

На две локции во велешко постојат Василичарски гробишта. За нив раскажува Елица Николова, историчар на уметноста од Народен музеј Велес.

„Во велешко ги има помеѓу селата Сујаклари и Иванковци и помеѓу селата Попадија и Никодин-прилепско. За  нив имам слушнато од повозрасните. На Василица кога овие василичарски групи, оделе од маало во маало, се случувало да заминат од едно во друго село.  Верувањето било дека мора да одат по различни патишта, да не се сретнат. Доколку се сретнат морале да покажат кој е посилен. Се случувало во тие нивни пресметки, бидејќи биле со стапови, имало случаи на повредување и усмртување. Веррувањето е тој што во таква борба починал на Василица, мора да биде погребан на местото каде е починат. Затоа се именувани Василичарски гробишта. Нив кажав во велешко ги има на две места“ – рече Николова. 

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »