речник контакт

За Велес 260 канти за отпад од средствата собрани по продажба на пластични кесиња

Колку канти за отпад ќе добијат осумте општини од Вардарскиот плански регион

Петар Печков

Собраните средства од продажба на пластични кеси, ќе се искористат за набавка на контејнери - канти за собирање на отпад, соопшти Министерството за животна средина.

Поголемиот дел од средствата -105 милиони денари ќе  се користат за набавка на 7.190 контејнери за собирање на отпад од хартија, тетрапак, пластика и метал, за сите општини во Република Македонија.

Јавната набавка на контејнерите ја објавува и спроведува Министерството за животна средина , по што тие ќе бидат поделени на општините. Останатите 15 милиони денари за реализирање на проект за едукација и подигнување на јавната свест на граѓаните и субјектите за постапување со посебните текови на отпад.

Доделувањето на бројот на контејнерите се врши врз основа на бројот на жителите во општините и тоа за општина до 5000 жители се доделуваат 13 контејнери, за општина од 5001 до 15000 жители се доделуваат 40 контејнери, за општина од 15001 до 23000 жители се доделуваат 60 контејнери, за општина од 23001 до 40000 жители се доделуваат 104 контејнери и за општина над 40000 жители се доделуваат 260 контејнери. Согласно податоците од Пописот 2021 година низ 80 општини треба да бидат поделени 7 169 контејнери.

По 260 канти за отпад ќе добие Општина Велес, а од Вардарскиот регион  104 Кавадарци,60 Неготино и Свети Николе,  40 Чашка, по 13 Чашка, Лозово, Росоман и Демир Капија.

 фото архива ТРМР

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »