речник контакт

За Велигден вечерта литургии во три црква во Велес а доброволци ќе го применуваат протоклот за заштита од ковид

Апелираме до верниците кои ќе дојдат на било која литургија, во било која црква, да се чуваат сами себе а со тоа останатите, носејќи заштитна маска, држејќи растојание -велат од Повардарската Епархија на МПЦ-ОА

Петар Печков

Велешкото архијерејско намесништво при Повардарската Епархија на МПЦ-ОА на нивната веб страница информираше каде ќе има богослужби, во кои цркви, во сабота навечер за Велигден.

Ќе ја има во три  „Св. Кирил и Методиј“, „Вознесение Христово“(Св. Спас) и „Св.  Пантелејмон“ каде ќе се служи Златоустова Литургија, а во црквата  „Св.  Пантелејмон“  ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски Владиката   Агатангел со почеток во 23.00 часот.

Во овие цркви богослужбата ќе се врши согласно здравствените протоколи а МПВЦ-ОА соопштија дека:
Ќе бидат определени лица кои ќе се грижи за задолжително носење заштитни маски внатре и надвор од храмовите и за држење на пропишаното растојание;
Каде што има услови, литургиите ќе бидат служени на отворено;
Каде што има услови, ќе се воспостави посебен влез и посебен излез од храмот.

Од Повардарската епархија на МПЦ-ОА информираа дека и тие ќе ангажираат доброволци, кои ќе се грижат за редот во храмовите.

„Во рамките на своите можности, овие лица ќе ги потсетуваат верниците и посетителите, да се придржуваат на протоколите. Но сепак секој од нас, како единка е тој што треба да даде пример и да ги применува. Затоа апелираме до верниците кои ќе дојдат на било која литургија, во било која црква, да се чуваат сами себе а со тоа останатите, носејќи заштитна маска, држејќи растојание“ - велат од Повардарската Епархија на МПЦ-ОА.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »