речник контакт

За Денот на полицијата, вработените од СВР Велес засадуваа млади садници околу езеро Младост

Со помош на Шумско стопанство „Бабуна“, биле засадени илјада садници чемпрес

Петар Печков

По повод 7 Мај Денот на македонската полиција , Секторот за внатрешни работи Велес спроведе акција за пошумување на површините околу езерото Младост, како една од најпосетените туристичко-рекреативни локации во близината на Велес.

„Главната цел за спроведување на акцијата е да се манифестира потребата од грижа за животната средина, а притоа и да се мотивираат граѓаните заедно со полицијата да дејствуваат во насока кон создавање на поздрава животна средина за сите нас и идните генерации“- соопштија од МВР.

Во соработка со Шумско стопанство „Бабуна“ беа засадени илјада садници чемпрес.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »