речник контакт

За Прeтседателските избори прв круг во ОИК Велес запишани 44.828 гласачи, за илјaда помалку отколку на локалните во 2021

За глaсањето во ОИК Градско, Лозово и Чашка

Петар Печков

За Прeтседателските избори прв круг во ОИК Велес запишани 44.858 гласачи, за илајда помалку отколку на локалните во 2021 

За претседателските избори во Општина Велес запишани се 44.828 гласачи, кои ќе гласаат на 84 избирачки места. Во текот на вчерашниот ден, сабота гласаа болните и изнемоштените. За ОИК Велес биле запишани 141 лице а гласале 135. Во саботата гласаа и затворениците од затворот во Велес. Пријавени биле 33 лица а гласале 30.  На последните избори, локалните октомври 2021 имаше запишано 45.892 гласачи или за две и пол години 1.062 гласачи помалку.

Во Општина Градско запишани гласачи се  3.019 кои гласаат на 11 избирачки места. Имало 41 лице запишано како болни а гласале 40. Во однос на претходните локални избори годинава има 94 избирачи помалку. 

Во Општина Лозово има запишано 1.913 гласачи кои гласаат  на 9 избирачки места. Во саботата сите кои биле запишани како болни 17 лица, сите гласале. Во ОИК Лозово на овие избори има  71 гласач помалку во однос на последните, локалните избори.

 Во Општина Чашка има запишано 6.082 гласачи на 31 избирачко место. Како болни биле пријавени 44 а гласале 41 лице. Во ОИК Чашка  има 82 гласачи помалку отколку во октомври 2021 кога беа локалните избори. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »