речник контакт

За Рамина ниту денар од Државата

Парите од продажбата на светскиот Бизнис центар во Скопје наместо за свлечиштето Рамина Владата ќе ги потроши за свлечиштето во тетовско Јеловјане.

lj lkjl

Парите од продажбата на светскиот Бизнис центар во Скопје наместо за свлечиштето Рамина Владата ќе ги потроши за свлечиштето во тетовско Јеловјане. 600 илјади евра пари од продажбата на светскиот Бизнис центар ќе се потрошат за изградба на станбена населба во селото Јеловјане. Изградбата започна вчера. Градоначалникот Аце Коцевски изненаден е од постапката на Владата. Вели сите граѓани на Македонија имаат подеднакво право на помош од државата. „Граѓаните на Велес не се граѓани од втор ред. Тоа што имаат право да го добијат од државата граѓаните на Јеловјане, имаат уште поголемо право да го добијат граѓаните од Велес“ Сепак Коцевски се надева дека Владата ќе им помогне и на граѓаните од Рамина. „Очекувам во наредниот период Владата да донесе слична одлука и за продолжување на активностите за санирање на свлечиштето Рамина и за изградба на објекти за да не стекнеме впечаток како Велешани дека сите граѓани на Македонија не се подеднакво рамноправни, дека има рамноправни и порамноправни” Инаку на почетокот на годинава Владата најави дека ќе започне втората фаза за санација на свлечиштето Рамина. Тогаш вети дека парите од продажбата на Бизнис центарот во Скопје ќе ги вложи во Рамина. Сепак со најновата одлука на Владата тие ќе се потрошат за изградба на станбена населба за жителите од свлечиштето во Јеловјане.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »