речник контакт

За велешкиот панаѓур 19 век

На овој панаѓур се нудела стока од Англија, Германија, Франција, Турција, Швајцарија и други земји. Домашните трговци продавале афион, тутун, свилена буба.

Петар Печков

Велешкиот панѓур во 1860 година се одржувал на 20 мај, а на панаѓурските тезги се продавала индиска басма, муслин, памучно платно и памучен конец од Англија, потоа шамичиња и стакларија од Германија, кафе и шеќер од Америка, и железо, клинци и длета од Франција.

На овој панаѓур се нудела и стока од Турција, Швајцарија и други земји. Домашните трговци продавале афион, тутун, свилена буба и друго. Во 1862 и во 1863 година трговијата со јајца од свилена буба била најдоходовен бизнис.

Вредноста на продадените кокони се движела до милион и петстотини илјади франци. Според записи од тоа време, најбогати велешки трговски семејства биле Весови, Kушевци, Дрндарови, Шулеви, Урумови, Kоробарови и други, а нивен главен „бизнис“ бил откупот и продажбата на готови кожи во Македонија и надвор од неа.

Се тргувало и со производи на грнчарството, а се изработувале и вреќи, торби и ќебиња од козјо влакно. Во својот извештај од 1862 година, Хитгрово, руски конзул во Битола, пишува дека трговците од Велес секоја година само во Италија од трговијата со свилена буба заработувале неколку милиони пијастри.

Бугарскиот публицист Еничаров, пак, забележува дека во почетокот на 19 век главна трговска стока на велешките чорбаџии била суровата кожа, кожените ѓонови, виното и житото. Австрискиот конзул Ј. Хан во еден од своите извештаи тврди дека во Велес била многу развиена трговијата со алкохолни пијалаци, па изнесува податок дека овој град просечно секоја година извезувал над 480.000 оки ракија! 

  Материјалот е од проф. д-р. Данчо Зографски

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »