речник контакт

За да врне во лето во Велес, треба да се откопа магарето

Легенда раскажана од постари велешани, сведоци кои ја пренесуваат со децении

Петар Печков

Во Велес летно време е жешко, како под Вршник –тоа е блискиот рид, но и сад каде се пече леб. Има интересна легенда, меѓу постарите, слушната многу пати од различни соговорници, која се раскажува во градот, зошто во Велес  е толку врело.

За да заврне во лето, велешани треба да го откопаат магарето, кое е закопано во велешките ниви.

Велес одамна бил град каде се изработувале цигли. Пред нив се правел плитар, со нив се граделе куќите. Тоа се непечени цигли, слаб материјал, од глина. И за да може тие да се испечат, тоа се прави природно  на сонце, требало да не врне. И се раскажува дека мајсторите закопале живо  магаре во месноста од каде се вадела глината и така сонцето греело и печело, па работата можела непречено да се одвива. Тоа било од мај до септември.  И затоа се зборува ако сакаат велешани да им заврне, да го откопаат магарето, кое мајсторите го закопале за да се пече плитарот на сонце.

Оваа легенда  е раскажана од постари велешани, сведоци  кои ја пренесуваат  со децении.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »