речник контакт

За два дена, две девојчиња заминале од дома, полицијата ги бара

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчињата

Петар Печков

Во билтенот на СВР Велес, за два дена , два идентични настани, две малолетни девојчиња заминале од домот.  Информациите за ова ги има Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

„На 01.01.2024 година во 20.00 часот во Полициска станица во Велес, 43-годишен велешанец, пријавил дека неговата малолетна ќерка излегла од нивниот дом околу 16,00 часот и претпоставувал дека отишла во Прилеп кај нејзиното момче“

„На 31.12.2023 во 15.30 часот во Полициска станица во Велес, 57-годишен велешанец кој бил згрижувач на малолетни деца, пријавил дека женско малолетно лице кое било згрижено кај него, излегла од нивниот дом околу 12.30 часот и претпоставувал дека отишла во село во Струмица.“ - соопшти Ѓаковска.

Полицијата  презема мерки за пронаоѓање на девојчињата.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »