речник контакт

За два дена, на летната крводарителска акција собрани се 176 крвни единици

Годинава таа се одржа по 30-ти пат

Петар Печков

Во големата традиционалната летна крводарителка акција, оваа година собрани се  176 крвни единици. Таа се одвиваше два дена, првиот ден, вчера недела биле собрани 116 а денес, понеделник 60 крвни единици. Оваа крводарителска акција има традиција и годинава се одржа по 30-ти пат.

„Најголем дел од дарителите се повеќекратни, но имаше и 16 крводарители кои даруваа за прв пат. Од вкупниот број дарители 30 проценти беа жени“- кажа Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес, која заедно со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, се нејзини  организатори.

Најуспешна беше таа во 2010-тата кога  беа собрани рекордни 383 крвни единици. Акцијата се одржа во просторите на Ликовниот салон.

Уште после половина година, планот за крводарување на територијата на Велес, заедно со соседните општини Градско и Чашка беше реализиран со 1.861 крвни единица.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »