речник контакт

За два дена, пронајдени две неексплодирани рачни бомби

Едната рачна бомба е пронајдена во дом во село Слатина -Македонски Брод а втората во двор на откупен центар во село Банско

Петар Печков

На ден 9-ти август .по пријава од СВР Струмица извршена е интервенција во село Банско каде во двор на магацин за откуп на земјоделски производи е пронајдена рачна бомба М35 .  

На ден 6-ти август  од страна на ОВР-ПС Македонски Брод е примена дојава за експлозивна направа во селото Слатина- Македонски Брод. Од страна на пиротехничар од ПО за заштита и спасување  Кичево, излезено е на лице место  и е идентификувана експлозивната направа. Се работи за рачна бомба М 75 „СРБ“ произведена во некогашната СФРЈ, истата е во одлична состојба и доколку со истата се ракува несоодветно опасноста по животот на лица и имот е голема. Експлозивната направа (рачната бомба) е преземена и истата ќе биде соодветно обезбедена до нејзино целосно онеспособување (уништување) - соопштија од тимот на пиротехничари при ДЗС.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »