речник контакт

За два дена учесниците на ,,Февруарскиот поход,, пешачеа 250 км по снег и кал

Викендов се одржа по седми пат манифестацијата, која годинава беше најмасовна со стотина учесници

Петар Печков

Викендов, 24 и 25.02.2018г., традиционално по седми пат, се одржа планинарскиот марш „Февруарски поход 2018“, с.Богомила-с.Ораов дол. Стотина учесници,  планинари, мештани, гости  беа сведоци на досега најмасовната планинарска манифестација, според организаторот   Спортско планинарското друштво ,,Зелен рај,,.

Ниту лошото време кое ги пратеше храбрите момци и девојки, дожд, кал и снег, не ги поколебаа да земат учество. Учесниците  препешачија во два дена околу дваесет и пет километри. Учеството на вакви манифестации е симбол на единство, сплотеност со природата ,одвикнување од лошите пороци на денешницата и продолжување на традицијата. На настанот присуствуваше градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски и неговиот колега , градоначалникот на општина Градско Роберт Бешовски кои ги поздравија планинарите. Оваа манифестација беше поддржана и од членовите на велосипедскиот клуб „Велес Бајкинг„ но поради лошите временски услови беа приморани да се вратат назад - изјави Зоран   Игновски  претседател на СПД ,,Зелен Рај,,. 

На маршот учествуваа планинари од Велес, Скопје, Битола, членови на планинарските друштва „Грин пауер“, „Чеплес“, „Бистра“, „Металург“, ученици, припадници на АРМ, пензионери, 

Маршот започна од  Богомила, а попатно колоната направи одмор во село Мокрени каде беше пречекана од планинарите од планинарското друштво „Металург“- Велес .На пладне колоната пристигна до крајната цел, планинарскиот дом „Браќа Јаневи“ во с.Ораов дол. Манифестацијата беше  финансиски поддржана од Општина Чашка и градоначалникот Горан Стојановски. 

во насловот има ненамерна грешка дека пешачеле 250 км наместо 25 км. а преправката ќе предизвика сит кои досега го споделиле овој текст да го изгубат 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »