речник контакт

За два дена во Велес собрани 363 крвни единици

Велешани уште еднаш ја покажаа нивната хуманост и човечност

Петар Печков

   Во големата летна крводарителска акција, која се  одржа во Велес во Офицерскиот дом,  за два дена се собраа  363 крвни единици. Тоа е рекордно собран број шишиња годинава во една акција во Македонија.

Организаторот Општинскиот Црвен крст од Велес ,заедно со одделението за Трансфузиологија од Скопје се задоволно од бројката на крводарители, кои несебично ја подадоа  раката и покрај екстремните лоши временски услови, високите температури и жешкото време. И покрај тоа  се чекаше во ред за да се дарува крв.

Мораме да за заблагодариме на велешани кои  се решија да излезат од дома на 40-тина степени во сенка. Тие уште еднаш  ја покажаа нивната хуманост – велат од Општинскиот црвен крст на Велес.

Шаренолика беше групата на  крводарители, една  четвртина  90-тина од дарителите во оваа акција биле невработени,  исто толку жени, 24 лица за прв пат дале крв,  20-тина биле пензионери, 40 студенти, повеќето од нив лица кои  не можат да искористат два дена од отсуствуваат од работа. Но затоа беше присутна хуманоста и човечнсота. Ланската летна крводарителска акција во Велес така остана рекордна кога беза собрани 382 крвни единици.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »