Петар Печков
Објавено: недела, 20 септември 2020
За два дена во велешко регистрирани се нови осум случаи на лица позитивни на ковид-19, а нема ниту еден оздравен. Ова се податоците од Министерството за здравство.
Во саботата, вчера, имаше три случаи, два од нив беа жени кои веќе биле хоспитализирани на Инфективно одделение од Велешка Болница.
Денес, недела има нови пет случаи, на лица со корона вирус. Со ова бројката на активни случаи според Министерството за здравство во велешко се искачи на 36 лица, досега биле заразени 309 а оздравени 258 и 15 починати.
На Инфективно одделение од велешката Болница има хоспитализирано 18 пациенти, 17 се потврдено позитивни и за еден се чекаат резултати. Таму има пациенти освен од Велес, од Кавадарци, Неготино, Свети Николе и Делчево.
Tweet |