речник контакт

За два дена теренска вакцинација во Мамутчево, Караслари и Иванковци се вакцинирале 187 лица

Утре се вакцинираат жителите на Црквино. За утре е најавена вакцинација на втора група деца, 54 на број, од 12 до 17 години

Петар Печков

За два дена од теренската вакцинација во велешко,  аплицирани се   187 вакцини, во три населени места. Вчера во Мамутчево биле пуштени 57, а  во Иванковци 51 вакцини на за заштита од квоид-19.

Денес екипите на Здравствен дом беа во Караслари  каде 79 лица приимиле вакцина, прва доза.  Утре теренската вакцинација со прва доза завршува во велешко, со посета на селото Црквино.  

Денес немало домашна поста на лица со попреченост, болни или неподвижни а вчера биле  посетени и вакцинирани 15  лица за прва доза и едно со втора доза.. Сите тие примиле вакцина  Синовак.  

Утре ќе се вакцинираат и деца на возраст од 12 до 17 години, втора група. Според добиената листа од Министерството за здравство, пријавени се и закажани имаат термини 54 деца.

Тие ќе примат вакцина Фајзер, прва доза. Тие ќе ја примат вакцината во пунктот во Уред. 

Претходно од 79 пријавени деца, до страна на нивните родители, во две групи вакцинирани беа 60 деца на возраст од 12 до 17 години.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »