Петар Печков
Објавено: петок, 09 март 2018
Bелешката полиција информираше дека за два дена, фатила две лица како продаваат дрога
На ден 07.03.2018 г. во 17.00 ч. на ул.„Димко Најдов“ во Велес од слобода е лишено лицето Љ.Д.(34) од Велес, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги“ (чл. 215 од КЗ на РМ).
На ден 06.03.2018 г. на ул. „Љубен Весов“ во Велес лишено од слобода е лицето И.Т.(43) од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги“ (чл. 215 од Кривичниот закон).
Tweet |