речник контакт

За два денари поскапе социјалниот леб на велешки А.Д „Жито Вардар‘‘

за два денари поскапе лебот на А.Д „Жито Вардар“‘ од Велес наменет за пензионерите со ниски пензии и за социјални случаи, а кој досега се продавеше по 18 денари со картичка.

Петар Печков




Овој бел леб од типот-500 со тежина од 500 грама од  се продава за 20 денари. Истовремено од 20 на 22 денари од денеска поскапе истиот леб, кој по оваа цена се продава во три велешки продавници во три посиромашни делови на Велес, Јурија, Бузаана и Керамидна. Инаку, истиот леб на А.Д „Жито Вардар“‘ по цена од 25 денари, наменет за продажба на сите граѓани на Велес во останатите продавници, е со непроменета цена.

Во „Жито Вардар“ велат дека дневно продаваат по три четири илјади векни од таканаречениот социјален леб. Тие на ваквата одлука се одлучиле, како што велат, поради зголемување на сите трошоци на производство струја, плин и друго и велат дека биле принудени да се одлучат на ваков чекор за покачување на цената таканаречениот социјален леб за велешани.

Инаку, ваков социајлен леб по пониска цена од редовната преку картичка за најсиромашните велешани а „Жито Вардар“ одлучи да воведе пред скоро една година. Започна да го продава по 13 денари, па 15 денари и до звчера по 18 денари за парче леб.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »