речник контакт

За две години во Општина Чашка инвестирани 4 милиони евра

Локалната власт го одбележа денот на Општината 21 август

Петар Печков

Општина Чашка го одбележа 21 август, Денот на Општината. Ова е 23 роденден на Општината која постои од 1996-та година.   Советот на свечена седница, ги резимираше постигнатите резултати во изминатите две години од работата на актуелната локална власт.  

Од блокирана сметка, нерешени инфраструткурни прашања, општината беше запоставена. За овие две години успеавме да сработиме многу, трпеливо отстранувајќи ги пречките.  За овие неполни две години, на територијата на Општина Чашка, преку многу  проекти се реализираа 240 милиони денари. Со тоа допринесовме за подобар живот на сите граѓани на општината - кажа градоначалникот Горан Стојановски.

Тој  се заблагодари на Јавното претпријатие за државни патишта со чија помош само годинава биле реализирани 132 милиони денари.  Ги издвои  како капитални, асфалтирањето на патот од населба Чашка до село Лисиче, асфалтирање од село Бусилци до село Стари Град,   регионалниот пат од село Согле до село Богомила.  Стојановски потсети дека на територијата на Општина Чашка, која е четврта по површина во земјава,  има 132 км регионални патишта и  125 км локални патишта. 

Гостите на свеченоста ја посетија и спортската сала, која е во изградба, и која според најавите треба да заврши со градење во октомври. Салата чини околу 400 илјади евра, ја гради ГП Гранит а   локалната власт партерно ќе го уреди просторот околу објектот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »