речник контакт

За две години Велес да нема азбесни цевки, работат од ЈКП Дервен

Во градот имало вкупно 11.145 м должина на водоводна мрежа со азбесни цевки. Или тоа е 10 отсто од вкупната водоодводна мрежа 115 илјада метри

Петар Печков

ЈКП Дервен работи на проектот Велес без азбесни цевки, најави директорот на ЈКП Дервен Горан Наунчев на седница на Советот. Во градот имало вкупно 11.145 м  должина на водоводна мрежа со азбесни цевки. Или тоа е 10 отсто од вкупната водоодводна мрежа 115 илјада метри, со која велешани се снабдуваат со вода за пиење.   

„Заедно со општината работиме да се намали   азбесните цевки преку кои граѓани се снабдуваат со вода за пиење. Досега за две години, имаме намалено за две години 10-12 проценти, што е значајно намалување.  Работиме до крајот на  мандатот на градоначалникот, да нема ниту една улица со азбесни цевки“ -рече Наунчев, пред членовите над велешкиот Совет.

Состојбата со азбесни цевки во Велес била  Ф 500- 454м, Ф250 -  1.857м,  Ф200- 3.348м,  Ф150 -2.139 м ,  Ф125 - 1.037м  , Ф100 - 1.094м,  Ф80 1.146м,  Ф50-  70м.  Или  вкупно 11.145 м  додека  целата  водоводна мрежа низ градот  115 илјади.

Наунчев најави дека наскоро треба да се сменат азбесните цевки на улици  Славе Петков во  должина  од  538 м, Питу  Гули 440 м ,Кузман Јосифовски 800 метри.  Тоа било одлука на надлежна комисија, која како стручна била  формирана во ова ЈКП.

фото ФБ/ Општина Велес 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »