речник контакт

За две години работа, во Општина Чашка инвестирани четири милиони евра

Градоначалникот Стојановски со отчет за сработеното од неговиот мандат

Петар Печков

За две години мандат на постојната локална власт влезени биле четири милиони евра. Ова го кажа градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски во отчетот за две годишната работа.  Како   инвестиции од поголем обем ги наброи реконструкција на локалниот пат од  населба Чашка до село Лисиче, во должина од 6,5 км, дел од регионалниот пат од село Бусилци до село Стари град во должина од 2,5 км, изградени се 6,5 км  регионалниот пат од село Стровија кон Богомила, кој проект ќе заврши следната година со изградбата на мостот во Богомила, кој е во тек.   

Тоа се инвестиции, кои во најголем дел се завршени а  бенефитите од нив ги чувствуваат сите граѓани на општината.  Се бетонираа улици во село Нежилово, Богомила, Мелница, Извор, населба Чашка, Долно јаболчиште и Горно Јаболчиште.  Треба да започне надградба на училиштето во Горно Јаболчиште инвестиција од 10 милиони денари. Во оваа населба се исчисти речното корито. Реализирани се проекти за подобрување на водоснабдувањето во село Владиловци,   Бањица, резервоар за вода  во село Дреново. Завршена е изградбата на спортската сала во Чашка и очекуваме за бргу време да   ја предадеме во употреба. Треба да започне асфалтирање на локални  патишта до село Војница и село Бусилци. Деновиве ќе започне реконструкцијата на плоштадот во Чапка, кој ќе добие нов лик со ново партерно уредување  - рече градоначалникот Стојановски.    

Меѓу инвестициите ги наброи и клуб за стари лица во село Теово, заеднички со Здружението на пензионери од Велес,  набавка на   мулти функционален трактор за чистење на  банкини на патна инфраструктура но и за снег во зимски услови.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »