речник контакт

За договорот за времени вработувања од градоначалникот Колев, политички препукнувања

Дали е потребно да се платат 3,5 милион денари за привремени вработувања во локалната власт

Петар Печков

Советниците од СДСМ и коалицијата, реагираат на договорот кој  градоначалникот Марко Колев склучил договор со Агенцијата за привремени вработувања „Партнер“ од Скопје со кој се предвидува Општина Велес во текот на 2022 година да потроши 3,5 милиони денари за привремени вработувања. За нив овој договор е скандалозен. Истиот бил склучен на 21 декември, минатата година.

„Градоначалникот Колев јавно признава дека општина Велес има не развоен буџет за 2022 година на и дека не може да си ги подмири трошоците за електрична енергија, а планира да потроши 3,5 милиони денари пари на граѓаните  за вработување на партиски војници, роднини и пријатели, само за една година“ -кажа Катерина Ефремова, советничка од СДСМ.

На ова реагираа од советничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. според нив целта на партискиот прес на опозицијата е  додворување на граѓаните,  прибирање на евтини поени и ширење на невистини

„Новите тројца вработени, за само еден месец изработиле 170 Решенија за легализација и 1800 Решенија за данок на имот, притоа го збогатиле Буџетот на Општина Велес за еден милион денари“ рече Елизабета Митревска Анѓелеска.

Одговор  стигна и од градоначалникот Марко Колев.

„Ваков вид договор бил потпишан и од претходниот градоначалник 2019-та година со вредност од 5,5 милиони денари, во 2020-та од 5,6 милиони денари и во 2021-ва од 3,5 милиони денари“- пишува во соопштението од градоначалникот Колев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »