речник контакт

За еден викенд склопени седум бракови во Велес, што одамна не се случило

Годинава само 263 брака за цела година се регистрирани во Велес а цел еден месец од 20-ти март со 24 април немаше ниту еден

Петар Печков

Седум брака беа склопени изминатиот викенд во Велес. Бројка која за ова година е невообичаено голема, оти за цела 2020-та година имаше 263 брака, регистрирани во велешко. А толку бракови имало во првите осум месеци лани, додека за цела година  тогаш имало 360 брака. Ова се бројките од Управата за водење матична евиденција, Подрачна единица Велес. 

Ваква бројка на склопени бракови за еден викенд одамна немало. Годинава во повеќето месеци нема организирање на свадби, веселби,  а  бројката покажува дека животот продолжува и без свадби, младите склопуваат брак – велат од УВМЕ ПЕ Велес. 

За новите бракови кои  се склопуваат  согласно протоколите, во салата од Ликовниот салон,  можат да присуствуваат само младенците, двајца сведоци и двете службени лица, матичарот и членот на Советот на Општината.

Можно е и склопување на брак  надвор од службeни простории, на отворено на друга локација, по желба на младите, за што се доплатува.  Но и таму остануваат мерките кои важат за заштита од ковид-19, држење на растојание и за гостите заштитни маски.

За потсетување на некои не така далечни времиња, во мај 2016-та  за два викенди беа склопени високи 30 брака, што е рекорд.

Од Управата за водење матична евиденција,  потсетуваат декa бројката од 263 склопени брака годинава, не е целосна и точна  за  Велес. Оти младите имаат можност, а тоа и го користат, да склопат брак во друг град, во некој туристички центар, Охрид, Струга, Крушево, што во пракса и се случува. И тогаш тој брак се води дека е склопен во тој град, иако малдите се велешани. Како што има случаи млади од Свети Николе да склопуват брак во Велес, оти во овој град, нема ресторан каде може да се оранизира свадба.  Од друга страна пак на почетокот на ковид кризата, еден месец во Велес немаше склопено брак, од  20-ти март до  24-ти април. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »