речник контакт

За еден ден 41 пациент позитивен на ковид-19 од велешко, оздравен

Бројот на активни случаи во велешко е 315 лица

Петар Печков

Десет нови случаи на лица позитивни на ковид-19 од велешко но и дури 41 оздравен.Ова се податоци кои би објави Министерството за здравство, и се однесуваат на изминатите 24 часа. Со ова бројот на активни случаи во велешко падна на 315 лица.

Вкупно во велешка Болница во трите ковид оддленија, се хоспитализирани 60 лица,  од кои  42 се потврдени позитивни, тројца  сомнителни  и 15 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 30 пациенти.  Испишани се три лица како оздравени со по еден негативен тест.

На Инфективно одделение згрижени се  35, на Интерно шест и во  Модуларна болница се  19 пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »