речник контакт

За една ноќ, три пијани лица во одделни случаи, нападнале полицајци

Нападите биле еден во Велес, два во Кавадарци. Алкохолот бил присутен во крвта од 1,44 до 2,27 промили

Петар Печков

За една вечер, три инциденти  со лица кои агресивно се однесувале кој полицајците а биле и во алкохолизирана состојба. Сите три настани ед дел од денешниот билтен  на СВР Велес.

„На 7-ми ноември  во 04:20 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Б.П.(37 год) од Велес, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“.  

При преземањето на мерки, кај него биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта. 

„На 6-ти  ноември во 19:05 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа М.Ј.(51 год) од Кавадарци, затоа што во ходник од зградата каде живее во Кавадарци, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“ 

При преземањето на мерки, кај него биле измерени 1,44 промили алкохол во крвта. 

„На 6 ноември во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Т.А.(43 год) од село Долна Бошава, кавадаречко, затоа што на улица „7 Септември“ во Кавадарци, откако полициски службеници кои извршувале службени дејствија го забележале како го нарушува јавниот ред и мир со недолично и дрско однесување, тој агресивно се однесувал и кон нив’“.

При преземање мерки, кај него биле измерени 2,27 промили алкохол во крвта.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »