речник контакт

За едни плата за други празни пликови

По три месеци работа во АД Киро Ќучук дел од 150-те вработени не добиваат плата, за други има, на рака, на црно

Петар Печков

За некого плата, за други празен плик, таква е состојбата во велешката фабрика за цигли АД Киро Ќучук. За ова посочуваат  дел  од  тамошните вработени кои и покрај тоа што одат на работа три месеци, засега не добиле ниту денар. Тие не знаат ниту кога ќе го добијат сработеното, бидејќи немаат смелост да прашаат, во страв да не бидат избркани.

Откако се рестартираше фабриката на 14 август, за половината вработени има пари. Нив им се делат на рака во вечерните часови,  за  нас нема. Не знаеме како  и по кои критериуми  се дава платата, но ние  не добиваме. Ниту пак прашуваме кога ќе добиеме - велат вработени од АД Киро Ќучук, кои инсистираа на анонимност.

Никој од друштвото не е достапен,  што е вообичаена пракса со години,  да каже зошто така  се делат платите. Оваа информација ја потврдуваат  во велешкиот синдикат, но велат досега никој не побарал од нив помош.

Знаеме дека во Киро Ќучук платата се дели на рака, на дел до вработените а други  немаат ни денар добиено. Зошто е така не знаеме, бидејќи со раководството на друштвото тешко се стапува во контакт. Ниту пак работниците побарале од нас помош, за  да видиме во што е проблемот. Можеби затоа што не ја плаќаат членарината не се обратиле до синдикатот – вели Себо Шаќиров претседател на Општинската синдикална организација во Велес.

Во АД Киро Ќучук моментално биле работно ангажирани 150 лица а целото производство било продадено. Фабриката за цигли не работеше девет месеци од ланскиот октомври, бидејќи не беше платена струјата. Откако непознат а фирма ја плати сметката, таа започна со работа од месец август. Работниците имаат заостанати 30 плати и исто толку време неплатени придонеси кон Фондот за здравство и ПИОМ а долгот кон УЈП за ДДВ и персонален данок е милионски .

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »