речник контакт

За жителите на четири велешки села поделени пакети со храна, оти поради штрајкот на железничарите не може да стигнат до Велес

Волонтерите на Црвен крст Велес поделиле 25 пакети со храна

Петар Печков

Жителите на четири велешки села, денес добија пакети со храна, оти поради штрајкот на железничарите, тие не можат да се снабдат со потребните продукти. Пакетите ги поделија волонтери од Општинската организација на Црвен крст Велес.  Поделени биле  25 пакети со храна за жителите од  четири населени места С`лп, Белештевица, Карабуниште  и Лавчани.

„Овие жители повеќе денови се целосно отсечени поради штрајкот на вработените во Македонски железници, бидејќи патничкиот воз кој запира на железничката станица „Рајко Жинзифов“ е единствениот превоз до градот. Патот кој води до селата е во лоша состојба и може да се помине само со теренско возило.  Жителите од овие села, се речиси сите возрасни лица и пензионери “ - кажа Орце Николов, секретар на ОО Црвен Крст Велес.

Штрајкот на железничарите, поради неисплатен втор дел на плата за  месец јули, започна на 25 август. Иста активност  Црвениот крст имаше и во месец април, кога исто така поради штрајк, за жителите на овие села беше дистрибуирана храна.  
Во реализација на оваа активност помогнала  локалната власт  и Територијалната противпожарна единицата од Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »