речник контакт

За здрави заби на децата, потребно е уште со појавувањето на првите млечени заби посета на стоматолог

Месец февруари е месец на орално здравје кај децата, а улогата на млечните заби е незаменлива

Петар Печков

Месец февруари е месец на орално здравје кај децата, а улогата на млечните заби е незаменлива. Ова а мотото на  овој месец со кој, кај родителите се подига свеста за потребата од рано користење на услугите на стоматологот. 

Зошто е потребна таа заштита на млечните заби, кога тие кај децата се менуваат, објаснува д-р Анита Солева, стоматолог во Ј3У Здравствен дом.

„Улогата на млечнте заби е голема, имаат иста улога како и постојаните. Имаат улога за џвакањето на храната, за говорот, за убавиот изглед на лицето. Затоа е потребно да се одржуваат здрави се до нивната физиолошк смена. Многу е важна раната превентива на млечните заби кај децата. Со појавата на првото млечно забче, родителите треба да водат грижа за одржување на здрави млечни заби кај децата“ – вели д-р Анита Солева стоматолог во Службата за превентивни стоматолошки услуги кај децата од предшколска возаст.

Влијанието на забите за развој на говорот кај децата и на лицето е огромно. Затоа уште од мали нозе е потребна нега на првите, млечни заби.

„Забите имаат многу важна улога за говрењето кај децата, бидејќи со движењето на усните, јазикот, образите, одреден дел од забите се допират со овие органи, па така правилно се изговараат буквите и зборовите, што влијае на правилното говорење.  Тоа пак овозможува правилно да се формираат вилиците, да се воспостави нивен правилен однос и правилно формирање на лицето“ – дополни д-р Солева.

Во оваа амбуланта, децата  доаѓаат од пет години, со систематсктеи прегледи и контрола, потребни, задолжителни за упис во прво одделение. Но децата на стоматолог е потребно да одат уште од најрана возраст.

„Контролата на забите на децата е потребна уште со нивното прво појавување. Првиот стоматолошки преглед се препорачува на една година. Тогаш родителети треба да одберат матичен стоматолог на детето и да вршат редовни контроли, два пати во годината. Ако детето е склоно на расипување на забите, таа контрола треба да биде почеста. Потребно е рано да се почне со рутина на четкање на забите, прво како забава и игра а потоа и секојдневна обврска. Има плашливи деца. Токму поради тоа треба рано да се запознаат со стоматолг, стоматолшката амбуланта. Да дојдат кога имаат здрави заби, за потоа да бидат опуштени и немаат страв. Многу е тешко да се работи со детето кога тоа има болка, кога е измачено, ненаспано и тоа и родителите. Болката што ја предизвикува забот е многу поголема, од тоа што се  работи при негова санација. “ - вели д-р Солева.

Кога ќе дојдат на првиот систематски преглед може да се зборува за квалитетот на забите кај децата. Тоа е индивидуално, во зависност од едукацијата на родителите. Има деца со добри заби, квалитетна хигиена но и деца со расипани млечни заби.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »