речник контакт

За колку пари, каде за пречек на 2012 година

ТРМР се распраша и еве ги цените за дочек на Новата година. Најскапа 35 евра најефтина 16 евра. Ќе ви пеат, Ратка, Елизабета, Милена...

Петар Печков

Најскап се билетите  во хотел Романтик и бродот Панини, каде билетот чини 2.100 денари. Гостите  во хотелот ќе ги забавува  група Феникс и Ратка Коцева а на бродот музичката придружба е на група Акорди и Елизабета.

Ако е решите да одите на дочек во мотел Македонија ќе платите 1.700 денари а гости се група Рандеву и пеачката Милена.  Во Деспина цената е 1.400 денари со жива свирка,1350 е во Розе сала со гости група Кајшар бенд.


На мотелот на Велешко цената е 1300 денари и свират  Виртус. Во кафеаната ,,Кај Димче,, цената е 1.200 денари. Во ресторан Снупи дочекот чини 1.100 денари додека нејефтино е во Сина сала каде цената е 1.000 денари.

На Вас останува да се распрашате колку во цената имате пијалок ако се решите да одите за најлудата ноќ во некој велешки објект.

Дочек на 2012 ќе има и во клубот Импакт каде цената е 500,600,700 денари. Бакшишот на музичарите е дополнителен трошок. Цените се за еден билет, да нема забуни.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »