речник контакт

За компјутерскиот томограф, за лифтовите и возило за итни случаи

За проблемите со кои се судруваат пациентите, докторите и и персоналот на велешката Болница

Петар Печков

При денешната посета на ЈЗУ Општа Болница Велес, Mинистерот за здравство Венко Филипче не даде конкретен одгвор на новинарското прашање, кога ќе проработи компјутерскиот томограф.  Филипче кратко рече ,,наскоро,, не прецизирајќи временски рок кога ќе биде тоа. За тоа време итните случаи се препраќаат во Скопје. Комјутерскиот томограф набавен во 2011-тата  е вон употреба од лани од септември.   

В.Д. директорот  на ЈЗУ Општа Болница Велес Димитар Строваноски, прашан кога ќе проработи лифтот во Болницата,  најави дека е завршена  тендерската постапка за замена на два лифта, избран е оператор и останува време кога тие ќе се инсталираат. Четири години лифтот во велешката болница не работи а единствениот исправен - службениот е и за здрави и за болни, со него се носи храна, се пренесуваат починатите.

Останува проблемот со малиот број на општи хирурзи, само тројца поради што е намален бројот на оперативни зафати. 

Поради  тоа што Болницата има само едно возило, кое ги префрла итните случаи за Скопје,  се случува што е надвор од протоколите да се пренесуваат и по два пациенти.  

Ваквите случаи се решаваа секојдневно со ангажирање на колите од Брзата помош.  Едно  такво опремено возило е преку 40 илјади евра а секојдневно стигнуваат тужби и опомени за неплатени фактури. Немаме таков комодитет за да набавуваме ново возило. Ако има спојување на ЈЗУ Здравствен дом и ЈЗУ Општа Болница тоа прашање ќе биде решено без нова инвестиција, дотогаш го решаваме со помош на колегите од Итната помош - рече директорот Стровјаноски.  

Министерот Филипче кажа дека во последните шест месеци во јавното здравство во Македонија  се вработени илјада лица најмногу доктори. Најави дека  од месецов и во наредниот период,  ќе започне специјализацијата на голем број доктори. На дополнително прашање колкумина се ангажирани во велешката Болница и колку специјализанти ќе има, не даде конкретна бројка.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »