речник контакт

За месец и половина од кампањата „Сите сме пешаци“ ниту еден смртно настрадан пешак по македонските патишта (фото и видео)

Порака до матурантите - мизбегнувајте возење автомобили, без користење алкохол

Петар Печков

Кампањата за безбедноста на пешаците во сообраќајот ги дава резултатите, посочија нејзините организатори. Месец и половина, не е регистрирана сообраќајка, во која жртва со смртни последици  е пешак. Ова беше кажано во Велес,  на денешната сообраќајна акциска контрола, колку учесниците ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

„Кампањата дава веќе резултати. Започнавме на почетокот на април и од тогаш до денес нема загинат пешак во сообраќајот до денес,. Тоа беше наша основна цел, тоа е најголем успех. Со добро осмислени кампањи може да се влијае на почитувањето на сообраќајните правила и прописи“ - кажа Никола Дујоски, декан на Факултетот за безбедност од Скопје.  

Тие заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и МВР ја реализираат   кампања „Сите сме пешаци“.  Активностите се на превентивен план, за зголемувањето на безбедноста  во сообраќајот.

„Целта на оваа кампања е подигнување на сообраќајната култура, на сите учесници во сообраќајот.  Ова посебно се однесува на пешаците да сфатат дека се рамноправни и тие треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“- изјави Гордан Кожуваровска претседател на РСБСП.

Истовремено се води уште една кампања, актуелна овој период, за учесниците на матурските забави.    

„Порака до матурантите и нивните семејства. Внимателно возете, но да ја засениме забавата со немили настани. Избегнувајте возење автомобили  без користење алкохол“- изјави Тони Ангеловски портпарол на МВР.  

Април месец оваа година имало 4 жртви по македонските патишта, додела лани истиот месец 12 лица загинале.   Или за првите четири месеци годинава има 26 жртви по македонските патишта за разлика од 40 во првите четири месеци лани, која беше со најмалку жртви во сообраќајот последните 15 години.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »