речник контакт

За неколку часа во Велес тројца граѓани каснати од куче

Се зголемува бројот на граѓани кои се каснати од бездомно куче

Петар Печков

СВР Велес информираше дека  за 12 часа во градот, тројца граѓани пријавиле дека биле каснати од куче.

„На 2 април во 19.30 часот во Полициска станица Велес Д.И. (71 год) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник. На 3 април  во 00.55 часот во Полициска станица Велес Г.С. (25 год) од Чашка пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес во близина на гимназијата бил каснат од куче скитник. На 3 април во 07.00 часот во Полициска станица Велес М.К.(26 год) од Велес пријавила дека во близина на спортската сала во Велес била касната од куче скитник“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »