речник контакт

За новогодишни пакетчиња Општина Велес ќе потроши 135,6 илјади денари

Треба да бидат подготвени 450 пакетчиња

Петар Печков

Општина Велес за новогодишни пакетчиња за најмладите ќе потроши 135,6 илјади денари. За оваа сума треба да бидат подготвени 450 пакетчиња со просечна вредност од 300 денари.  Ова е податок според склучените договори за набавка на подароци на најмладите во општината.  Согласно документацијата сите производи во пакетчето, треба да имаат рок на треање до крајот на април следната година.

Вообичаено претходните години градоначалникот за Нова година ги посетуваше Дневниот центар за лица со посебни потреби, децата од детското одделени, првото новороденче во новата година, децата од Посебното ОУ Маца Овчарова.

Споредено со други општини, Велес е при дното на вредноста која ќе биде одвоена за оваа намена. Градот Скопје ќе плати 750 илјади денари, пред него се  Кавадарци и Битола со нешто помалку од еден милион,  Штип 640 илјади денари. Собранието и Владата ќе потрошат приближно исто, околу 273 илјади денари.   

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »