речник контакт

За пет дена во Велес констатирани 22 непочитувања на полицискиот час, најмногу вчера во понеделникот, девет

Во самоизолација вчера во велешко имало 65 лица а во петокот биле само 18

Петар Печков

И додека МВР и останатите подрачни СВР секојдневно, продолжениот празничен  викенд известуваа за состојбата со  кршењето на полицискиот час, велешкото денес информираше за сите изминати пет дена, оти и петокот беше неработен ден. 

За овој период од 85 часа,  има 22 непочитувања на полицискиот час, регистрирано на територија на градот Велес.  Најмногу имало вчера, понеделник,  последниот ден од продолжениот полициски час, дури девет.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски ја соопшти и бројката на лица во самоизолација во велешко, иако МВР информира и за лица во  изолација. До вчера биле регистрирани  65, што е најголема бројка од овие пет дена, а во петокот се симнала на само 18. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »