речник контакт

За половина година, 2,1 милион денари исплатени од локалниот буџет кон 34 граѓани, за обесштетување поради каснување од куче

За половина година 26 граѓани побарале помош во велешка Болница, поради каснување од куче

Петар Печков

За половина година од Буџетот на Општина Велес исплатени се 2,13 милиони денари како обесштетување по пријава од граѓани за каснување од куче. Стигнале 34 пријави од страна на оштетени граѓани.  Ова се податоците, заклучно со крајот на јуни-30,  кои ТрМр ги доби од локалната власт, за тоа колку народни пари се одлеаја за обесштетување.

„Дел од средствата се исплатени ата се по пат на спогодба, дел се исплатени по основ на судска пресуда. Како обесштетување по каснување од куче од општинскиот буџет се исплатени вкупно 2.132.954 денари“- велат од локалната власт.

Споредено со мината 2020-та  година за 12 месеци биле исплатени 2.7 милиони  за 69 случаи, во 2019 година 2.3 милиони и во 2018 година 1.7 милиони  денари за 58 претставки.  .

Во истиот овој период на Инфективното одделение од велешка Болница, биле пријавени 26 граѓани кои побарале помош откако биле каснати од куче. Оваа бројка се однесува и на кучињата бездомници и кучиња кои имаат сопственици. А такви имаше  неколку   во првата половина на годинава, според билтенот на СВР  Велес.

„Исплатени се огромни суми од општинскиот буџет по тужби на граѓани, кои наместо за инфраструктурни работи, ги даваме за обесштетување“ -вели градоначалникот Коцевски.
Локалната власт проблемот со бездомните кучиња го решава со соработка со  Пансион Гиовски Тим со кого има склучено договор за    заловување, стручен третман и грижа на  кучињата скитници, кој потоа се враќаат назад на улица.
„Оваа пракса, залови, кастрирај, вакцинирај, пушти го, не дава резултати, тоа е евидентно.  Потребно е залови и смести, да се изгради стационар, прифатилиште“ - вели  Димче Никушев, претседателот на Здружението „Вила Зора канис“.

Здружението „Гласот на животните“  располагаат со стационар кој згрижува повеќе од  150 бездомни кучиња.  Овој стационар, во сопственост на невладина организација,  функционира на основа на донации  од поединци и фирми и таму волонтираат членовите на здружението.

„Проблемот не се кучињата скитниц, туку напуштањата од страна на неодговорните  сопствениците, кои ги оставиле на улица“ вели  Меги Ѓорѓиева Ѓаков, член на  „Гласот на животните“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »