речник контакт

За поранешниот хотел „Вила Зора“ во два обиди немаше купувачи

Просториите кои се во сопственост на Општина Велес ќе се нудат под закуп, како досега

Петар Печков

Ниту во двата обида не се продаде делот од поранешниот Хотел „Вила Зора“, површина која е во сопственост на Општина Велес.

Почетната цена беше  70,57 милиони денари, во вториот обид намалена за 10 отсто а на продажба се нудеа 2,7 илјади м2. Продажбата требаше да биде по пат на електронско наддавање.

„На двата јавни повици не се јави ниту еден заинтересиран, па сега просторот кој е на Општина Велес, ќе се нуди на закуп, како што беше и претходно“ - соопштија од локалната власт.

Градоначалникот Аце Коцевски, одлуката за продажба која ја донесе Советот на Општина Велес, ја образложи со лошата состојба во која е зградата

„Објектот е на одлична местоположба, но подолго време не е во функција, времето го оштетува, прокиснува вода од покривот. Општината не е во состојба да се грижи за него, ниту да го стави во функција. Од друга страна докажано е дека јавните институции се лоши стопанственици  со имотот,  приватниот сектор е подобар  стопан“ - кажа тогаш  Коцевски.

Еден дел од објектот, кој  беше во сопственост на државата,  таа му го  отстапи на користење на  Универзитет Св. Климент Охридски од Битола, кој тука го смести Техничко -технолошки факултет, со седиште во Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »