речник контакт

За прв пат се трчаше ултра маратон од Велес до Лопушник, за Рацин (фото и видео)

Четворицата учесници истрчаа 150 км за пет дена

Петар Печков

Ултра маратонците кои истрчаа 150 км за пет дена, на овој начин му оддадоа почит на револуционерот и поетот Коста Солев Рацин.  Тие во текот на вчерашниот ден, 13 јуни, денот на погибјето на Рацин, пристигнаа на Лопушник.

Велешаните Зоран Димов, Трајче Михов, Верољуб Додевски и кумановецот Љубиша Андреиќ, секој ден трчаа по 30 км. а од Велес тргнаа во четвртокот наутро.  

„Ова е прв таков наменски настан во Македонија, да се трча 150 км и тоа е нашата почит кон делото на Рацин“ - кажа Верољуб Додевски, еден од четворицата учесници.

За овие пет дена тие трчале и по дождот и по сонце, со ветер, но сепак ги минале сите препреки и стигнале до посакуваната цел.

При нивимото трчање во близина на Пласница, кичевско, видеото можете да го погледнете тука.

Во текот на ултра маратонот тие преноќија во Богомила, село Костинци- општина Долнени- прилепско, третата ноќ во Македонски Брод, четвртата вечер во Кичево.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »