речник контакт

За разбојништво врз грк, 18 години робија

Тројца богданчани се осудени на вкупно 18 години затвор за разбојништво врз државјанин на Грција, кого го ограбиле ветувајќи му дека ќе го носат кај проститутка.

Петар Печков

Тројца богданчани се осудени на вкупно 18 години затвор за разбојништво врз државјанин на Грција, кого го ограбиле вет?вајќи му дека ќе го носат кај проститутка. Основниот суд во Велес ги прогласи за виновни Тања Даиловска (32), Веле Даиловски (34) и Александар Громбозов (35) и ги осуди на по шест години затвор за разбојништво.

Пред судскиот совет Гркот рече дека претрпел страв од нападот и изрази задоволство од висината на досудената казна. Обвинетите, кои побараа веднаш да одат во затвор и да ја издржуваат казната, му се заблагодарија на судијата Илија Танев за изречената пресуда. Нивниот адвокат Борче Стојановски изрази задоволство од висината на казната и од тоа што на Тања Даиловска и е укинат притворот до правосилноста на пресудата, бидејќи имала мала ќерка за која морала да се грижи. Според обвинението, Даиловска од порано се познавала со Гркот и му наоѓала девојки за забава.

Таа минатиот месец се договорила со странецот да се сретнат во Богданци. Тој дошол, девојката влегла во автомобилот на Гркот и тргнале за Гевгелија. По пат таа запалила цигара, иако од порано знаела дека тој не дозволувал такво нешто во возилото. Странецот го сопрел автомобилот и ја отворил вратата, но тогаш дошол Веле, кој му ставил нож под грлото. Истовремено во автомобилот влегол и Александар, по што разбојниците побарале од странецот да им даде пари. Гркот успеал да се оттргне, а во мешаницата бил расечен и почнал да крвари. Двајцата напаѓачи го искористиле моментот и од автомобилот одзеле штеки цигари, две кутии со чоколади и мобилен телефон.

По разбојништвото Гркот и девојката заминале за Гевгелија и го пријавиле случајот во полиција, по што било утврдено дека и таа била соучесник во грабежот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »